Skip to main content

Мицкоски: Со црни кампањи сакаат да нè оттргнат од реалните проблеми, од планот и амбицијата

Фото: Принтскрин од видео

На локални избори вообичаено зборуваме за локални проблеми, за патчето, за улицата, булеварот, градинката, спортското игралиште. Но на сите избори добро е да испратиме политичка порака за да можат нашите политички противници да направат една автоанализа, да извлечат некоја поука за тоа дали грешеле и продолжуваат да грешат. Тие не извлекоа поука од резултатот на минатите избори и продолжија да се однесуваат „како до сега“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на мтингот во Зелениково.

Посочи дека опозицијата тера црна кампања со напади и ниски страсти.

-Еден од перјаниците на таа кампања денес напиша дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои неколкумина се обидоа да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа да пријават дека има бомба во текот на вчерашниот ден. На тој начин мислат дека ќе нè оттргнат од реалните проблеми, од планот и амбицијата кои ги имаме да испорачаме за граѓаните. Бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат ОД Македонија и ОД граѓаните и има политичари кои живеат ЗА Македонија и ЗА граѓаните, порача Мицкоски.

Премиерот порача дека на овие избори има две понуди и дека секој кој мисли дека има трета понуда или опција – се лаже.

Поврзани вести