Skip to main content

Мицкоски: Попреченоста не е пречка, туку потсетник дека нашата сила како заедница лежи во почитувањето на различностите

Денес, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ја потврдуваме нашата посветеност кон создавање инклузивно општество во кое секој граѓанин има еднакви можности за развој и успех, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Попреченоста не е пречка, туку потсетник дека нашата сила како заедница лежи во почитувањето на различностите. Затоа, како Влада, остануваме посветени на подобрување на пристапноста, обезбедување на квалитетно образование и поддршка, како и создавање услови за активна и рамноправна улога на лицата со попреченост во сите сфери на животот. Сите заедно да работиме за општество без бариери, каде што достоинството и правата на секој поединец се основна вредност, порача премиерот.

Поврзани вести