
Денеска бев во посета на Општина Брвеница, при што присуствував на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“, во село Брвеница. Присуствував и на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Би сакал да се заблагодарам на посветената работа што ја прави градоначалникот во Општина Брвеница. Неговата работа навистина е инспиративна. Повеќе од 90-тина проценти од програмата којашто беше зацртана е исполнета.
Ние како Влада, во рамките на проектот за финансирање на општините, поддржуваме проекти коишто ги изработи Општина Брвеница и тоа се проекти коишто се проекти за сите граѓани, во сите населени места.