Skip to main content

Мицкоски: Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија! Достоинствено, без комплекси, со поглед кон иднината!

Обраќањето на CPAC во Вашингтон беше можност да ги истакнеме македонските вредности и традиции, тие темели што ја дефинираат нашата национална посебност и гордост. Говоревме и за нашето цврсто партнерство со Соединетите Американски Држави, стратешки сојуз кој останува столб на нашата надворешна политика и гаранција за стабилност и развој, напиша на својот фејсбук профил Премиерот Мицкоски.

Се осврнавме и на двојните стандарди на Европската Унија, политика која често ги занемарува сопствените принципи кога станува збор за Македонија. Нашиот став беше јасен, заслужуваме еднаков третман и почитување на договорените правила, а не селективна правда која ги поткопува нашите надежи за интеграција.

Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија! Достоинствено, без комплекси, со поглед кон иднината.

Поврзани вести