Skip to main content

Мицкоски: Осуда за сквернавењето на македонското знаме, ќе одговориме најжестоко на секој обид за дестабилизација

МИА

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска зборуваше за вчерашниот инцидент каде што во главниот град се сквернавеше македонското знаме, на денот на прослава на албанското знаме.

Најостро го осудувам, сепак претставува чин на агресија, нешто за кое предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип за обиди за ескалација за креирање на етнички тензии има, и ќе има. Ако мислите дека е изолиран случај, не е. Бидејќи како правдата полека се доближува до криминалците, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и едниствениот начин да го одбранат криминалот е вака. Честитам на навременета реакција на МВР, бирото за јавната безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, и реагираа во насока на приведување на лица кои го свекрнавеа дражвното знаме. Ќе бидат денеска изведени пред судија, тие ќе бидат обвинети според членот 319 каде што затворската казна е од 1 до 3 години затворска казна – рече Мицкоски.

Поврзани вести