Skip to main content

Мицкоски: Остануваме посветени на поддршка на иницијативи кои придонесуваат за економски развој, иновации и подобра поврзаност помеѓу институциите

Денеска присуствував на потпишување на меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за иновации научно технолошки развој и претприемништво и државните универзитети, објави на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.
Фокусот на ова партнерство е во согласност со нашите стратешки приоритети, а тоа се: поттикнување на иновациите, поддршка на претприемништвото и стартапите, како и развој на конкурентна економија базирана на знаење.
Потпишувањето на овој меморандум за соработка претставува силна порака дека заедно можеме повеќе, дека преку партнерство можеме да создадеме услови за развој на претприемништвото, за поддршка на стартапите, за зголемување на конкурентноста на нашите компании и за изградба на економија базирана на знаење.
Очекувам дека преку заеднички активности ќе се унапреди иновацискиот и технолошкиот екосистем, ќе се поттикне претприемачкиот дух кај младите и ќе се создадат нови можности за развој и раст.
Како Влада, остануваме посветени на поддршка на иницијативи кои придонесуваат за економски развој, иновации и подобра поврзаност помеѓу институциите, напиша Мицкоски.

Поврзани вести