Skip to main content

Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави

Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда.Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП.


Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и базирана на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет – изјави премиерот на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва по повод 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Битола каде се одржува прослава  под насловот “Идеја што не запира, вредности што носат промени”.

Тој не ги изостави поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев и неговиот наследник во партијата, Венко Филипче:


Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно на власт. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори, и дека Филипче во Атина е исто што Заев во Атина и Софија заедно.

Ние сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема привилегирани, туку правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе злоупотреби довербата на народот.

Поврзани вести