
Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција. Во дворот на црквата „Св. Константин и Елена“ положивме цвеќе, а потоа присуствувавме и на Панихида по повод Разловечкото востание, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.
Денес стоиме исправени пред времето и пред историјата, пред споменот на храбрите од Разловци – првите што повикаа на слобода, достоинство и национално будење во мај 1876 година.
Тие не чекаа дозвола да сонуваат, тие станаа и се бореа. Иако востанието беше задушено, неговиот пламен не згасна, се прелеа во Илинден, во НОБ, во независна Македонија. Нe научија дека „подобро еден ден слободен, отколку целиот живот во ропство.“
Но, дали нашата борба заврши? Не. Денес се бориме против заборавот, разединетоста, иселувањето, корупцијата и нападите врз идентитетот. И затоа, должни сме како некогаш хероите од Разловци, да не се предадеме, да не молчиме и да не се двоумиме кога е време за дело.
Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето. Да градиме со знаење, солидарност и чесност.
Нека живее споменот на Разловечкото востание!
Нека живее Македонија – вечна, слободна и горда!