Skip to main content

Mицкоски: Очекувам 350.000 гласови на советничките и помеѓу 370.000 и 400.000 на градоначалничките

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воделе достоинствена кампања во која испратиле суштински пораки до граѓаните, со јасна визија за управување со државата и општините. Тој изрази оптимизам за резултатите од претстојните избори, очекувајќи победа во првиот круг во повеќе општини, вклучително и во Скопје.

-Мислам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција имавме достоинствена кампања во која испративме суштински пораки со кои се обидуваме да објасниме како планираме да ја водиме и државата и општините. Кампања во која ја презентираме нашата програма и ценам дека генерално добро се претставивме пред граѓаните, рече Мицкоски, во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Во однос на очекувањата од изборите, Мицкоски изјави дека очекува значителен успех на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45 градоначалнички места.

-Ние секако ќе имаме повеќе гласови, споредено со гласовите што ги имавме во 2021 на советничките листи. Очекувам некоја бројка од 350.000 на советничките, и помеѓу 370.000 и 400.000 на градоначалнички. Очекувам дека ќе освоиме 45 до 50 градоначалници, изјави тој.

Поврзани вести