
Со Предлогот од 2022 година потпишан од претходната влада на СДСМ и ДУИ се суспендираше Парламентот зошто за да се случи промена на Устав се потребни две третини и знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати. Ние тоа не можеме да го прифатиме без да видиме добра волја и испорака од другата страна, повтори премиерот Мицкоски по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Не можеме ние да менуваме Устав по кој знае кој пат а без да имаме јасна испорака и јасна порака од другата страна, односно бугарската.Никој нема проблем ако во Преамбулата ги сметнеме Хрватите, Црногорците и останатите, затоа што затоа што тие држави имаме принципиелен однос, дури ни Португалците и Шпанците и Французите.Немаме таков проблем. Но, да имаме проблем, и сакаме да разговараме за да го решиме. Ова е двонасочна улица, ако испорачува едната страна континуирано, а другата ништо тогаш нема цел и поента.Но, ако испорачаат и двете страни а јасно е што треба да испорача втората страна тогаш можеме да седнеме и да се договориме:Менувавме знаме, име, Устав како никој до сега.Патот е тежок и фрустрирачки но за нас е исклучително фрустрирачки и се уште се наоѓаме онаму каде што бевме пред 20 години. Oд другата страна имаме испорака еднаква на нула и бил бил наивен како сите што беа наивни во минатото да верувам дека ако нема испорака од другата страна дека ние треба тоа да го напрвиме.Додека сум јас тоа нема никогаш да го направам.