
Денеска ја посетив Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што е заокружен процесот на реконструкцијата и набавката на нова опрема за клиниката.
Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање.
Сакам да се заблагодарам на вработените во Клиниката, на директорката за посветената работа, на министерот, на директорот на Фондот, на сите оние коишто дадоа свој придонес.
И тука не застануваме и како Влада, продолжуваме и понатаму. Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат.

Македонски





