Skip to main content

Мицкоски на отворање нова детска градинка во Општина Шуто Оризари

МИА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.

Оваа активност е дел од владините планови за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на најмладите во општините низ земјата.

Од Владата информираат дека по повод пуштањето во употреба на новиот објект, предвидено е Мицкоски, да даде изјава за медиумите.

Поврзани вести