Skip to main content

Мицкоски: Македонците во САД се за Трамп

Македонците во САД силно го поддржаа реизборот на претседателот Доналд Трамп, како традиционални и семејно ориентирани гласачи, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју со политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд.

Премиерот Мицкоски беше интервјуиран од Кеј Ти Мекфарланд, која беше заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на Трамп. Премиерот Мицкоски истакна дека Македонците во САД силно го поддржале реизборот на претседателот Трамп, како традиционални и семејно ориентирани гласачи.

Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, а веќе се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

Поврзани вести