
Се трудам пораките што ги испраќам да се пораки над ситуација, да се пораки на смирување. Избори се, логично е да постои искра во одредени општини низ Македонија. Би било нелогично ако не е така. Иако е јасен победникот на овие локални избори, ние веќе правиме план за денот потоа бидејќи денот потоа ќе значи силна Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата и огромен број општини поредводени од владината колицијата. Размислуваме за денот по изборите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.
Одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од предложените кандидати за градоначалници, премиерот вели дека се труделе да бидат објективни и врз основа на она со кое располагале, како информации, да донесат најдобра одлука.
Имам доверба во секој еден од предложените кадровски решенија. Имам доверба дека ќе покажат вонредни резултати. Тука сме ние секојдневно да ја мониторираме нивната работа и доколку гледаме дека имаме намалување на динамиката и темпото на реализцијата на политиките кои се ветени спрема граѓните, да ги опомене. Така што никој не е вечен и никому ништо не е загарантирано и однапред априори дадено. Секој ќе мора да се потруди максимално, мора тоа што се ветува пред граѓаните и да се испорачува, нагласи премиерот во Зрновци.
Премиерот Мицкоски изјави дека како како политичка партија и како Влада покажале дека се подготвени за соработка со медиумите. – И последниот извештај за транспарентност на институциите покажува огромен скок за Владата, не сме први, сме трети, но на подиумот сме и се надевам дека следното мерење ќе бидеме први, рече Мицкоски, додавајќи дека се е подготвено во штабовите, на терен се и се трудат да стигнат секаде.