
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска се сретнаа со генералот Алексус Г. Гринкевич, врховен командант на Сојузничките сили на НАТО во Европа (SACEUR) и командант на Европската команда на САД.
Како што сподели премиерот, на средбата се разговарало за актуелната безбедносна состојба, регионалната стабилност и понатамошното продлабочување на соработката во рамките на Алијансата.
Средбата претставува потврда на силното партнерство и заедничката заложба за мир, безбедност и стабилност. Како посветен и доверлив сојузник, Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО, сподели Мицкоски.

Македонски



