Skip to main content

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

МИА

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, јави известувачот на МИА.

Во изјава за медиумите по средбата со Матарела, претседателката нагласи дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги реафирмирале заложбите за реинтеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Тој веќе разговарал со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен за она што нам ни се случува. И не само како наш пријател туку и како голем пријател на Западниот Балкан рече дека ЕУ не смее да дозволи ние да бидеме жртва на идентитетски прашања или на билатерализација врзана за идентитетски прашања. Очекува, и јас очекувам, да дојде до разговори со нашите соседи за да видеме кое можеби е најдоброто решение – рече Сиљановска – Давкова.

Таа на средбата со Матарела повторно ги реафирмирала нашите заложби за гаранции, бидејќи како што наведе „ако биде уште една од промените на кои укажува ЕУ, тогаш не само што нема ништо да добиеме ние, туку нема ништо да добие ни Балканот, бидејќи приказната за ветото и за билатерализацијата на евроинтеграцијата ќе се повтори“.

И папата и претседателот на Италија велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека на тој пат нема да ги заборават ниту принципите на ЕУ на кој јас повторно потсетив бидејќи ЕУ без принципи и вредности не може да биде филозофија, не може да биде престижна и инспиративна заедница, но исто така и на потребата да седнеме културно со соседите во случајов со Бугарија и да го решиме проблемот – изјави Сиљановска Давкова.

Претседателката претходно денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав

Поврзани вести