Skip to main content
6apQBER1I2s

Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив? 

Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога. Ова е Андон Стојков, кој пред два дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога. Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира. Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава. Почитувани, со вакви луѓе е опкружен Венко Филипче, луѓе на Заев, криминалци и уживатели на дрога. Е ова е СДС, вели тој.

Манасиевски посочува:

„Го прашуваме Венко Филипче со уште колку криминалци е опкружен? И што тој има заедничко со нив?“

Поврзани вести