Skip to main content

Максим Димитриевски: Во недела се избира наскока, се избира иднина, се бира меѓу зборови и дела

Оваа кампања не е за мене. Оваа кампања е за сите вас. За сите граѓани што секој ден го градат овој град. И, затоа оваа победа ќе биде ваша. Победа на чесните, трудољубивите, истрајните луѓе од Куманово. За сите вас, затоа што не сакаме оние што не оставија камен на камен, оние што го разграбија Куманово, децении во минaтото, сега повторно да се вратат и истото да го направат. Затоа што Куманово не е само град. Куманово е заедништво, дух и љубов. Град што не се плаши, град што стои исправен, рече на завршното обраќање во оваа изборна кампања лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски


Вели во недела се избира наскока, се избира иднина, се бира меѓу зборови и дела.

„Во недела нема да избираме само градоначалник и советничка листа. Ќе избираме насока. Ќе избираме иднина. Ќе избираме меѓу зборови и дела. Меѓу празни ветувања и вистински резултати. И затоа, вечерва ве повикувам: да излеземе масовно сите. Да покажеме дека Куманово не се продава, туку се брани со љубов и работа. Затоа на гласачкото ливче заокружете број два. За стабилност, ред и развој, Куманово што расте, што создава, за тим што знае, што може и што докажа. Затоа што и јас знам и Ивана знае и овие луѓе зад мене, а сега и ти знаеш, дека ЗНАМ заслужува уште една победа – за наше Куманово и за наша Македонија“ се обрати на присутните Димитриевски во преполната сала на Домот на Културата „Трајко Прокопиев“. Но, и на сите жители на Куманово задутре да излезат на гласачките места во што поголем број.

Кога човек е градоначалник на Куманово, посочи Димитриевски, тоа не е работа од осум до 16 часот.

Тоа е животна мисија, да си секојдневно на улица, да ги слушаш луѓето, кои во реки се доаѓаат во општинската зграда и бараат да им помогнеш, да најдеш решение. И тоа не е лесно. Има денови кога е тешко, кога има отпори, критики, напади. Но, тоа што ме води сите овие години, е љубовта кон овој наш град.
И затоа денес со чисто лице, можам да ве гледам сите право во очи и да кажам: Ние не ветувавме празно. Ние работевме. И ќе продолжиме да работиме. Во следните четири години, имаме нова, силна, јасна програма.
Три нови детски градинки – во Зелен Рид, Бајрам Шабани и Карпош.
Нов плоштад со административен комплекс со катна гаража и модерен урбан сквер на Чоробенско ќоше.
Реконструкција и обнова на сите општински училишта.
Нов технолошки и интеркултурен центар за младите во Домот на пионери.
Целосна реконструкција на булеварите и три нови кружни текови.
Пет нови паркови, продолжување на кејот, нови пешачки и велосипедски зони.
Уште посовремен, целосно бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Со повеќе и помодерни автобуси, современи постојки и уште пошироки улици по кои ќе се движат.
И ќе ви кажам едно – сè што ќе ветиме, ќе го направиме, порача Максим Димитриевски.

На присутните во Домот на културата се обрати и носителката на советничката листа Ивана Ѓорѓиевска. Таа се заблагодари за поддршката во работата на Советот, на советниците, на невладините организации, на раководителите, и пред се на градоначалникот Максим Димитриевски за довербата во неа. Вети уште посилно темпо на работа во следниот мандат.

„Ние не застануваме тука. Сега е време да продолжиме уште посилно, уште посовесно, уште поодговорно. Затоа што Куманово заслужува стабилност, сигурност и развој. Затоа што заслужува иднина во која младите остануваат, а не си заминуваат. Ова не е само политичка програма. Ова е наш заеднички договор за подобар живот. За ред, за сигурност, за град што работи и создава“, порача Ѓорѓиевска.

Таа повика во недела – да се заокружи бројот 2, за стабилност, ред и развој. За Совет на луѓе што работат со срце. За Максим Димитриевски и тимот што знае, може и го докажа. За Градоначалник и Совет кои се проверена двојка.

Поврзани вести