
Членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот, Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта во Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска, на гробиштата во Лисиче.
На погребот на Андреј Ѓорѓиески, се одржа во 10 часот, во присусто на членовите на неговото семејство. Редица пријатели, македонски уметници, пејачи, музичари опростија од херојот кој загина спасувајќи деца во дискотеката.
Во Скопје е погребана и Сара Пројковска. Испраќањето на Сара се одржа на гробиштата во Лисиче во 12 часот.
Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев, е на градските гробишта во Струмица.
Ѓорѓи Ѓорѓиев е погребан на градските гробишта во Струмица. Посмртните останки беа изложени во Градската капела од 12 часот, а во 10 часот вработените во музичкото училиште одржаа комеморативна седница.
Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, беа изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.