Skip to main content
R4sjyB4KhY4

Македонија има големо духовно значење не само за овој регион туку и за целиот свет – велат истражувачите Ристевски и Николиќ за хрватски поткаст

М-р Никола Ристевски,  писател, истражувач, публицист, продуцент и промотор на природните ресурси и културното наследство на Овчеполието заедцно со хрватскиот истражувач Домагој Николиќ одржаа предавање за геоглифот Свети Николе кој предизвикува внимание, не само како атракција, туку и како предмет на теории за гробот на Александар Македонски.

Македонија е земја пребогата со културно наследство и природни ресурси. Верувам дека Македонија има големо духовно значење не само за овој регион туку и за целиот свет. Низ вековите, низ милениумите во минатото Македонија дала многу за развој на светската цивилизација. Тоа не е само големиот Александар Македонски и неговиот татко Филип Втори. Тоа се случувало и подоцна, на пример во Охрид е основан првиот универзитет во Европа на Свети Наум и Свети Климент. Истражувачите на ренесансата имаат кажано дека онаа прото-ренесанса пред да почне во Италија неколку векови порано започнала во дел од црквите во Македонија. Да споменам дека Козимо Де Медичи за да ги добие Корпус Херметикум преводите, според некои податоци го пуштил Леонардо де Пистое во Македонија, во манастири, да го донесе тоа во Италија. Козимо Де Медичи не го дочекал конечниот превод од Корпус Херметикум. Од македонските манастири се извадени безброј стари книги. Музеите ширум бивша Југославија, но и Европа, каде и да одите во големите градови, Берлин, Париз, Лондон, можете да видите артефакти од Македонија. Она што го држи Македонија како културно наследство со природни ресурси и духовна сила, се надевам дека ќе повлијае за развој на свеста на човештвото но и за создавање на еден мир во светот каде што по урнек на таа древна македонска, космополитска империја, во која што живееле заедно во мир, соживот, стабилност и меѓусебна соработка – вели Ристевски, кој додава дека по емисијата која Николиќ ја имал за Македонија во 2012 година се повеќе и повеќе луѓе од поранешна Југославија доаѓаат во Македонија да видат дали тоа што е преставено на телевизија е навистина така, а голем дел од нив се враќаат повторно да го почувствуваат она што тој во неговите книги го нарекува „жив мит и бит за Македонија“.

Тој вели дека сите тие наоди, движнини и недевижнини се ништо, без значење ако не ги употребиме да научиме нешто од тие древни предци. Колку повеќе учиме од она што било порано, можеме да го примениме во сегашноста за да ни биде подобро. Древното знаење, принципите и кодексите според коишто се воделе тие древни луѓе го антиката всушност се основа на вистинското човештво и развојот на човековиот потенцијал.

Македонија е полна со митови, преданија и легенди. Во 19 век се случува една ренесанса на оние собирачи на народни умотворби и се објавени илјадници преданија, песни од Македонија кои потсетуваат, кажуваат дека во тоа време, во 19. век народот бил свесен за тоа античко наследство од древната Македонска империја. Македонската митологија е многу интересна. Кај нас на пример, змеј е нешто добро, има свој противник а тоа е ламјата. Змејот е оној кој го чува берикетот, плодноста, што им дава на растенијата да растат за да може да се прехраниме и што ја чува добрата среќа на својот регион. Ламјата има друг ентитет, доаѓа да наштети, да направи нешто лошо. Па така, во македонските преданија се верува дека се раѓале момчиња змејови кои имале крилца под пазувите, но само праведните луѓе можеле да ги видат и кога ќе дошло големо невреме се верувало дека доаѓа ламјата, па така, тие момчиња легнувале да спијат, а нивниот дух одел горе во небото за да се бори со ламјата. Народот вреувал дека кога момчето-змеј спие не смее да се буди затоа што неговиот дух нема да знае каде да се врати, затоа и не смее да се поместува. Преданијата за самовили се многубројни, дури и во народните песни, еве кај нас во Овче Поле имаме една песна: Оро ми играле триста самовили на врв планина, на рамна рудина, во Овчко Поле, до Свети Николе. Дури и онаа демонологија, вампири, нави, караконџули, сето тоа е истражено од македонските етнолози и е објавено во многу книги. Кај нас уште се знае и дека имало „вампирџии“, односно оние кои се бореле со вампирите преку одредени ритуали, куршуми, билки… – вели Ристевски.

Тој потекнува од Свети Николе, па така, најголемо внимание посветува на овчеполието.

-Овчеполието во старите книги и карти е цел предел од север реката Пчиња, на југ реката Брегалница, на запад реката Вардар, на исток некаде до Лесново, пред Злетово и тој пробиштипско-кратовски дел. Сега адмнистративно е поделено на повеќе општини, но, во целиот регион, слободно можам да кажам, се регистрирани повеќе од една десетина од сите археолошки локалитети во Македонија. Имаме вистински слој на цивилизации, пред 4-5 години е потврдена палеолитска населба која, според археолозите, е со старост од 40 000 до 300 000 години пред нашата ера. Значи оние неолитски населби како што се Барутница, Рук баир, Алин дол се во Овче Поле. Но имаме многу локалитети од железно време, рана антика и секаљко доцна антика, рано христијанство, се до среден век, затоа што многу од тие утврдувања, тврдини кои се користени во среден век, всушност се континуитет на античките тврдини и утврдувања. Овче Поле е регион со најмногу сончеви часови во Македонија, има многу сонце, вода под полето, модерната технолгика се уште не е употребена за да се искористи таа вода за добробит на котлината и населението, многу стари цркви, локалитети, но и многу култни места кои што народот уште низ вековите во минатото ги посетувал. Ќе ја споменам Ребека Вест, многу познат патописец, и нејзиниот патопис „Црното јагне и сивиот сокол“, која одела по просторот на поранешна Југославија во средината на минатиот век. И она „црно јагне“ во насловот на книгата е всушност јагне кое се жртвува на Говедар камен во Овче Поле. Па така, на еден толкав патописец од минатото, Овче Поле му повлијаело на целиот овој регион за да го стави во наслов. Тоа го гледам и од старите книги, весници, списанија – тоа само ни потврдува за значењето и важноста, но ја зголемува и мистеријата за тоа што всушност се случувало овде и што се крие во Овче Поле, како во свеста, така и под земја, односно наследството од старите цивилизации таму. Свети Николе е централната и главна населба во овчепослката котлина. За волја на вистината, градот од кој доаѓам, Свети Николе, до 1945 година бил официјално наречен Свети Никола. Од тогаш е променето името во Свети Николе – објаснува Ристевски.

Историскиот истражувач, геополитички аналитичар Домагој Николиќ, кој е почесен граѓанин на Свети Николе, вели дека за него Македонија е еден духовен и емотивен простор, жива антика.

Македонија, она кое честопати се заборава, Егејска Македонија, која сега е во Грција, тука живеел македонски народ, кој денеска е асимилиран или веќе не живее таму. Во свеста на македонскиот духовен простор тоа е еден интегрален простор. Мора повторно да го деконтаминираме од академските наслаги кои и те како токсирани од разни идеолошки конструкции. Тоа треба да се сфати како еден и единствен простор кој излегува на едно море, кое се врзува за Медитеран и секако за Египет и Мала Азија и се она што е голема македонска цивилизација за време на Филип и Александар Македонски – вели Домагој.

Може ли ѕвездената карта од раѓањето на Александар Македонски да ја открие локацијата на неговиот гроб, поточно во мистериозниот геоглиф во близна на Свети Николе? Како ова место е поврзано со Александар Македонски? Што покажуваат археоакустичните и археоастрономските истражувања?

Одговорот на овие прашања слушнете ги во заедничкото интервју во Атма подкаст