
Оввинителката Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија… Прво, спомнатото не е точно што е лесно докажливо и следи моја тужба за клевета против Ленче Ристоска.
Да, таа Ленче што се кандидира за Вишо обвинителство и не ја примаат, за судија во СЧП во Стразбур – ја одбиваат, еве ја сега се кандидира за трето нешто – за државен (републички) јавен обвинител со целиот багаж и хипотека од СЈО.
Но, кога одбрала да влегува во фамилии редно е да се потрудам и истражам, и секако потоа објавам, каков е крајот на судската кариера на нејзиниот татко.
Крајот е срамен, според сечиј вредносен суд, и Ленче ќе биде заслужна што ќе биде и јавно познат, пишува Драган Павловиќ Латас на Фејсбук.

Македонски




