Skip to main content

Кос се нуди за олеснувач: Бугарија и Македонија да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска со видно променет вокабулар еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот.

– Бугарија и Македонија треба да почнат да разговараат интензивно и да најдат решение за ова билатерално прашање и јас стојам на располагање како олеснувач ако е потребно, истакна Кос, која со ова ја поби бугарската теза дека нема што да се преговара околу Францускиот предлог прифатен од тогашната, нелигитимна Влада на Ковачевски и Ахмети. Ова е прва јавна прозивка на официјална Софија со барање од Брисел дека ТРЕБА ДА СЕДНЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА СО МАКЕДОНИЈА. Аналитичарите се во дилема – Дали ЕУ сфаќа дека тогашниот наратив е ретро-нефункционален и дека геополитичките услови налагаа поголема правичност кон Македонија? Кон сето ова го додаваат и новиот моментум со актуелната влада во Скопје, коај успеја да ја презентира македонската страна на прикаската, пред кои сервилните Заевци и Ковачевски со Османи само ги урнисуваа позициите.

Кос додаде дека денес живееме во време на длабока трансформација на меѓународниот поредок, и само за шест месеци од стартот на нејзиниот мандат глобалниот пејзаж се промени драматично, па затоа во интерес на безбедноста и иднината на континентот потребно е „да заврши обединувањето на Европа“.

– За мене проширувањето е многу повеќе од само проширување. Туку станува збор за обединување на Европа. Тоа не е само морална неопходност, туку јасен услов за посилна и побезбедна Европа. Проширувањето во овој контекст оди подалеку од традиционалниот поглед и станува средство за обединување на Европа околу заеднички вредности и принципи, рече Кос.

Во тој контекст, според неа, ЕУ треба да бидеме подготвена да проектира стабилност и мир низ целиот континент и во европското стратешко соседство во Централна Азија и Медитеранот.

Поврзани вести