
Нашата политичка цел е да отворат преговорите за пристап за Македонија, по кластер 1, најскоро можно, истакна еврокомесарката за проширување Марта Кос одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Брисел ќе даде гаранција дека Бугарија нема да го билателизира процесот понатаму и што Брисел може да понуди.
-Штом ќе ги задоволи Македонија релевантните критериуми, договори со Советот, односно ќе ги имплементира заложбите да се извршат уставните промени. Од аспекти на Комисијата, ние продолжуваме да подвлекуваме колку е важно да се има конструктивен дијалог помеѓу Македонија и Бугарија. Да се изгради дух на заедничка доверба и разбирање и сметам дека е многу важно, а денешниот состанокот само го покажува тоа, дека Македонија треба да се подбутне на патот кон проширувањето со оглед на тоа дека други земји се силни конкурентни за завршување на претпристапните преговори. Ова не е лесно, но можноста е отворена сега за проширување и ние треба да ја искористиме оваа шанса. Сите треба да придонесеме, не само овие две земји, туку сите од ЕУ да се изнајде начин што ќе овозможи Македонија да започне најскоро можно преговори, нагласи Кос.