
Кога борбата за работничките права се претвора во себепромоција, тоа не е синдикализам – тоа е злоупотреба на работничкото достоинство , вели претседателката на Синдикалната организација на поштенските работници при АД Пошта на Македонија, Соња Дојчиновска чиј став го пренесуваме интегрално.
Што се работниците ???
Статисти во филмот што го режира ССМ ? „Доведувањето и промовирањето на претседател на ССМ на заеднички договорен протест од поштенските синдикати, без знаење и согласност на сите нив, претставува еднострано и недоговорено дејствување и злоупотреба на заедничката синдикална акција .
Борбата за работнички права ја претворија во маркетинг- алатка
Злоупотребена е работничката пот и мака .
Во морето од невистини што беа изнесени, една реченица сепак ја погоди вистината – ” принудно направен Синдикат “
Полн погодок. СОПР е создаден ‘принудно’ – Затоа што работниците беа системски притискани, замолчувани и понижувани, па беа принудени сами да си создадат синдикат што ќе ги штити.
Кога некој си дозволува јавно, пред очите на целата јавност, да киднапира заеднички договорен протест и да го претвори во лична и политичка сцена, тоа не е случајност – тоа е модел на однесување. А ако ваквите злоупотреби се случуваат на светло, пред камери и медиуми, тогаш со право се поставува прашањето: што се случува во темните агли, далеку од јавноста, таму каде што работниците остануваат сами и без заштита?
Она што се случува јавно е само врвот на ледениот брег . Лично и политичко задоволство над работничките права Пред неколку години ,за време на едни други владеачки структури и други нивни Поштенски раководства кога изникна СОПР- КСС постоеја два синдикати и двата под капата на ССМ – иако едниот лажно се претставуваше како КСС Нивното полтронство и удобноста што ја најдоа во менаџерските скутови создадоа атмосфера на страв и послушност, што резултираше со брутален синдикален мобинг врз работниците – мобинг рамен на инквизиција. Работници се прераспределуваа без основ, се деградираа, се притискаа и се казнуваа само затоа што се осмелиле да кажат нешто против „синдикатот“.
Лично мене , бидејќи транспарентно зборував дека тоа нивното не е синдикализам туку деспотизам и самоволие, по повеќе од 20 години стаж во исто одделение, ме префрлаа по други оддалечени и по 20 км од местото на живеење , ме шетаа како да сум мечката Божана. Ми испраќаа внатрешни контроли. Ми даваа работни задачи за кои не бев обучена да ги работам и тоа такви што 3 -ца обучени не би можеле да ги изреализираат. …Ме кршеа Но, кога нешто кршиш … внимавај , парче стакло да ни те летне во очи .
Така се роди СОПР при КСС. Како одговор на неправдата. Како одбрана од синдикален терор. Како нужност.
Истиот тој модел на однесување – синдикален мобинг, узурпација и злоупотреба – денес го гледаме и во киднапирањето наy заеднички договорен протест за лични цели и интереси.
Тоа не е исклучок.
Тоа е континуитет.
Тоа е ССМ.
И токму затоа, кога денес зборуваме за ССМ, не зборуваме за заштита на работничките права, туку за структура што ги користи работниците како декор за сопствени амбиции.
Синдикализам ли е да се појавиш на протест како Претседател на еден од националните Синдикати неповикан и ненајавен од сите субјекти што го организираат ?
Дури ни на гости не се оди неповикан , ненајавен ? – Би го прашала г-нот Трендафилов Ама најнапред нека ми одговори на прашањето – ” Како се станува Претседател на Националем Синдикат , ако при тоа не го исполнуваш еден од основните критериуми , три години претседател на Гранков синдикат ? … За пријател прашувам.

Македонски




