
Пожари беснеат во целиот регион. Сушното лето и екстремно високите температури во Македонија и регионот предизвикаа пожари, додека ветерот придонесе за нивно брзо ширење. Како и кај земјите од регионот, пожари има и во Македонија, но далеку во помал број. Кај нас за разлика од таму, нема штети од вакви размери, нема евакуирани и раселени лица, за среќа нема ни жртви. Причинета е само материјална штета во шумска површина, која секако, се надоместува и обновува.
Во видеата се гледа како изгледа гасењето пожар со ново адаптираните возила на интервентната против пожарна единица, БТР и Пинцгауер.