
Ова е еден од оние моменти после кои ништо нема да биде исто како претходно, без оглед како тоа некому може да му изгледа. Верувам дека ќе следи робусна и бескомпромисна, жестока акција на надлежните.
Длабоко сочувство до семејствата на загинатите млади лица, болката е неописива. Голема благодарност до нашите доктори за напорите да се спасат младите животи, но и за земјите од соседството за пружената помош – коментира поранешниот истакнат член на СДСМ, Зоран Јовановски