Резултатите од ТИМСС тестирањето се лоши и за жал, ова не е новост. Но, тие се и доказ дека на образовниот систем му се потребни промени, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Еве пред пет месеци ги почнавме тие промени. Промените во образованието не се ниту лесни, ниту брзи и се надевам дека во еден разумен временски период ќе ги дадат и своите резултати – порача Јаневска.