Skip to main content

Извршен увид во документација во Вишото јавно обвинителство Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска извршил увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбедил докази во постапката за кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување и малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.

Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Увидот во документацијата, се вели во соопштението, е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица.

Поврзани вести