Skip to main content

Изгледа треба да се случи „Рибникар“ во Србија, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот „Ивана и Катја“ – пресмешни мерки за врсничко насилство во Штип

Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци, напиша на својот фејсбук профил Маја Ристова, адвокат.

•За кривичното дело “Насилство врз дете” обвинителот предложи воспитна мерка “Засилен надзор од страна на ЦСР”, судот процени дека мерката е строга, па изрече “Засилен надзор од страна на родител” (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка.

•За кривично дело “Запуштање и малтретирање на дете” беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување.

Поентатата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи „Рибникар (Србија)“, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот “Ивана и Катја”.

Поврзани вести