Skip to main content

Избори по мерка на граѓаните: ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Либерално-демократската партија (ЛДП) и понатаму останува доследна во својата заложба за темелни изборни реформи, со јасно изразена поддршка за воведување на една изборна единица, отворени листи, како и вклучување на предлозите доставени за независни листи од невладиниот сектор во креирањето на новиот Изборен законик.

Пратениците на ЛДП и во два претходни парламентарни состави поднесуваа предлог-закони за оваа реформа. Во понеделник, ЛДП повторно ќе поднесе предлог закон до Собранието.

Како прва политичка партија што јавно ја застапува идејата за една изборна единица и отворени листи, ЛДП ја нагласува потребата од праведен и транспарентен изборен систем кој ќе овозможи еднаквост на гласот и директно влијание на граѓаните врз тоа кој ќе ги претставува.

Веруваме дека со воведувањето на една изборна единица и отворени листи ќе се зголеми отчетноста, ќе им се даде поголема моќ на граѓаните и ќе придонесе за развој на демократијата во земјата.

ЛДП ги повикува сите политички чинители, партии и граѓанското општество на заедничка работа и отворен дијалог, со единствена цел – конечно усвојување на праведен и инклузивен изборен модел.

Поврзани вести