Skip to main content

Ивор Мицкоски: Христијан Мицкоски во дипломатска офанзива со позитивни ефекти и правилна проценка

Познатиот колумнист Ивор Мицкоски во својата последна колумна објавена на „Дојче Веле“ даде висока оценка за актуелната дипломатска стратегија на премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, оваа „нова надворешна политика“ ја покажува посветеноста на Владата во градењето партнерства со меѓународната заедница и подобрувањето на позицијата на Македонија на глобалната сцена.

Мицкоски истакнува дека оваа офанзива е силен контраст во однос на претходните практики и дека Владата демонстрира „визија и сериозност“ во своите дипломатски потези.

Македонија, по долго време, успеа да изгради дипломатска стратегија која нуди стабилност и ја враќа довербата кај меѓународните партнери,“ пишува Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на одлучноста и јасната визија за надворешната политика.

Мицкоски заклучува дека токму ваквата стратегија е клучна за отворање на нови можности за земјата.

Поврзани вести