Skip to main content
РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА ЦРНА ГОРА

Институциите во Македонија пример за одговорност во регионот

Македонската Влада со брзата, правовремена и посветена акција по трагедијата во Кочани покажа пример за одговорност во регионот и во земјите на Европската унија, пишува Националниот јавен сервис на Црна Гора, Радио Телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Додека во некои земји во регионот, жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите може да делуваат брзо и одлучно.

По трагедијата во Кочани, каде што во пожар животот го загубија 59 лица, властите веднаш презедоа мерки – истрагата почна без одлагање, одговорните се уапсени, а помошта за жртвите и нивните семејства беше организира на највисоко ниво.Во регионот, често сме сведоци на долготрајни процеси, каде што институциите со месеци, па некаде и со години, не носат конкретни одлуки. Во Македонија, правдата не се одлага – веднаш се утврдува одговорноста, а институциите покажуваат целосна посветеност во транспарентноста и законитоста.Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките тимови, медицинските екипи кои на местото на несреќата стигнале во рекордно брзо време, а државните болници обезбедиле хитна и најквалитетна нега за повредените, пишува РТЦГ.

Како што се додава, додека во некои други земји јавноста се фрустрира поради тромавоста на институциите, Македонија покажа како треба да функионира одговорен систем – со брза реакција, јасен став дека нема да се толерира неодговорност и спремност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

Во пожарот во Кочани, утрото, на 16 март загинаа 59 лица, главно на возраст меѓу 14 и 25 години, а повредени се 155.

Поврзани вести