Skip to main content

Игор Ангелов за 9-годишнината: 27 април е симбол за политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство

Facebook / Горан Ангелов Ќосето

Осудениот за настаните од 27 април, Горан Ангелов-Ќосето, со низа остри обвинувања ја одбележа годишнината од упадот во Собранието, оценувајќи дека овој датум е „синоним за неправилно осудени, селективна правда и нееднаквост пред законите“.

Во објава на социјалните мрежи, тој наведува дека 27 април за него претставува симбол на, како што пишува, „политички осуденици, корумпирани судии и велепредавство“, притоа обвинувајќи за политички влијанија врз судските процеси и за, како што вели, уцени и нееднаква примена на правото.

„27 април е сѐ она што не чини во оваа држава“, стои во објавата, во која се додава дека, според неговите тврдења, дел од осудените и понатаму издржуваат казни, а нивните семејства се соочуваат со тешки последици.

Поврзани вести