Skip to main content

Гордан Георгиев: Сметам дека сегашната Влада добро се справува со ситуацијата по трагедијата во Кочани

Facebook/Gordan Georgiev

„Иако може погрешно да бидам разбран или интерпретиран, сметам дека сегашната Влада добро се справува, или добро ја менаџира, ако може да се користи тој збор, ситуацијата по трагедијата во Кочани“, ова го посочи Гордан Георгиев, поранешен политичар, кој беше член на опозициската СДСМ. .

Изминативе денови имавме масовни апсења, што јасно укажува дека има волја да се направи нешто поразлично. Но следењето на тој процес во иднина е исто така значаен. Девет месеци на власт имаа, многу е лошо да ти се случи нешто такво, зборувам само од политички аспект. Тоа е голем товар, товар кој е тешко да се надмине.

Јас тврдам дека овој настан ќе не прогонува, ќе ги прогонува надлежните до последниот ден од мандатот и ќе дефинира како ќе биде запаметена оваа Влада.
Ако они не испорачаат, ако не успеат да им докажат на граѓаните дека испорачале правда, дека се бореле со се она што е гнило во ова општество, со непотизмот, со криминалот, тогаш ќе бидат запаметени како најлошата Влада.

Но, ако успеат да испорачаат правда, а тоа е уште рано да го видиме, бидејќи ситуацијата се уште е ровка, јавноста се уште е потресена, но тогаш тоа ќе биде голем напредок за сите нас – вели Георгиев.

Поврзани вести