
Вчера на пладне во „Беломорски Клуб Читална“ се одржа одбележувањето на првата годишнина од неговото постоење и 80 години од формирањето на НОФ за Егејскиот дел на Македонија.
На настанот присуствуваше и премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски кому домаќините му врачија плакета благодарност за безрезервната поддршка и помош која им ја пружа низ годините.

Настанот со свое присуство го збогатија и министри, градоначалници, преставници на МПЦ, на многу министерства , мноштво општественивици и новинари.
Во име на здруженијата гостите ги поздрави координаторот на здруженијата од Егејскиот дел на Македонија Сотир Лукровски.

Тој во своето обраќање направи ретроспектива на сите содржини и настани на клубот низ оваа една измината година од неговото работење и потенцираше дека децата и младите се нивна целна група и обврска да им се предаде приказната за Егејот како ќе се одржи и отворено егејското прашање.

Тој ја истакна и се заблагодари на одличната соработка со премиерот како и целата оваа влада, средби со министрите за надворешни работи, култура и внатрешни кои им помагаат во решавањето на нивните проблеми.
Изрази поддршка и ветување од премиерот дека во најскоро време ќе се изнајде начин да се обнови споменикот на децата бегалци во жена паркот во Скопје кој беше нееодамна осквернавен и оштетен.

Свое обраќање имаше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна задоволство од работењето на клубот и фокусот на неговите најмлади посетители.
Тој во својот говор уште еднаш истакна дека се уште не е затворено македонското прашање.
Се заблагодари на домаќините за враченото признание и вети и натамошна помош и поддршка на Македонците од Егејот во борбата за нивните права.
За формирањето, значението и дејствувањето на НОФ во егејскиот дел на Македонија зборуваше историчарот проф.Димитар Љоровски.

Модератор на настанот беше новинарката Викторија Петровска а химната на Република Македонија ја изведе естрадниот уметник Огнен Здравковски