Skip to main content

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансиската полиција влезе во Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија и ја чешла работата на претходното раководство. Се проверуваат тендери во изминатите седум години. Во тој период директор на клиниката беше Неџати Јакупи, кој е член на ДУИ и е поранешен пратеник и министер за животна средина од сега опозициската партија од албанскиот блок, објави Телма.

„Во управата е оформен предмет по поднесена пријава за неправилности во ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, согласно надлежностите. Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција се извршени проверки од каде е обезбедена целокупната документација во копија, верна на оригинал во однос на спроведени повеќе постапки за јавни набавки, како и друга документација во врска со реализација на склучени договори и истата во моментов е предмет на анализа. Дополнително, при извршените проверки, е обезбеден и извештај од извршен попис со цел расветлување на случајот и утврдување на фактичката состојба, а на вработени службени лица во клиниката им се дадени насоки за докомплетирање на документацијата“, велат од финансиската полиција.

Од Финансиска полиција за Телма велат дека дополнително обезбедената документација ќе биде предмет на проверки и анализи за утврдување на евентуално постоење на кривично дело и негов сторител.

Информацијата ја потврдија и извори на Телма од самата клиника, а притоа од нивниот одговор може да се заклучи дека поранешниот директор Јакупи клиниката ја оставил во големи долгови кои изнесуваат неколку милиони евра.

„Управата за финансиска полиција проверува документација во врска со јавните набавки од 2017 до 2024 година поради големиот долг од 4,6 милиони евра на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија“, ни изјавија извори од Торакална.

Тоа го потврдуваат и податоците на Министерството за финансии според кои, најзадолжена е Клиниката за радиотерапија и онкологија со над 12 милиони евра, а на второто место е токму Клиниката за торакална и васкуларна хирургија со долг од 4 милиони и 650 илјади евра.

Инаку, додека директор беше Јакупи во 2020 година на клиниката беше отворена и нова операциона сала, најавена како сала според највисоки светски стандарди и со најсовремена опрема. Но, четири години подоцна, според сознанијата на Телма, салата никогаш не била ставена во употреба.

На отворањето за првпат по 30 години, откако е реконструиран хирушкиот блок на клиниката, беа присутни и Оливер Спасовски кој тогаш беше технички премиер, како и министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Садула Дураку, министерот Бујар Османи и директорите на ФЗОМ и на клиниките.

На сајтот на јавни набавки може да се најдат неколку тендери за опрема и реновирање на операциона сала. Во април годинава Јакупи ќе потпише тендери за градежно занаетчиски, машински и електро работи со три фирми во износ од над 61.000 евра. Во 2020 година ќе бидат потпишани, исто така, три тендери во вредност од речиси 172.000 евра за термотехнички инсталации, мебел и светло за операциона сала.

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş