Skip to main content

Екс амбасадорот во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши, го доби името Георгиј

Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши. Тој бил замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

„На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот Свети великомаченик Георгиј – Криви Дол, Скопје”, се наведува во веста објавена на епархискиот сајт.

Архиепископот Стефан на новиот монах кој е замонашен во чин мала схима, му го дал го монашкото име Георгиј.

Ѓорѓевски сега монахот Георгиј е на возраст од 57 години. Познат е како еден од најдобрите македонски амбасадори во Ватикан каде служеше од 2010 до 2014 година.

Од 2004 година тој е професор на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ по предметот Православна теологија. Од 2000 до 2009 година беше и шеф на Кабинет на архиепископот г.г. Стефан.

Автор е на бројни дела, а во изминативе пет години е на чело на Македонско библиско здружение.

Поврзани вести