Skip to main content

Една од првите одлуки што ќе ја потпише новиот в.д. градоначалник на Кочани се 3 милиони денари за несреќата

Printscreen

Денеска новиот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во својата прва прес-конференција вели затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти, таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали има директори.

Една од првите одлуки што ќе ја потпишам е 3 милиони денари за несреќата во Кочани. Состојбата во локалната управа и во самата општина е алармантна. Затечена е хаотична состојба со нецелосни проекти. Таква е и во комуналното претпријатие, не се знае дали имаме директори, немаме технички директор. Катастрофална е и состојбата со човечките ресурси и во пожарната, потребниот минимум е 32 пожарникари а ние имаме 16. Едноставно целата ситуација е таква каква што е – вели новиот в.д. градоначалник Венко Крстевски.

Венко Крстевски беше избран како независен советник од Советот на општина Кочани како привремено шестмесечно решение до следните локални избори, откако градоначалникот Љупчо Папазов си поднесе оставка, пред да биде уапсен и притворен по пожарот во дискотеката „Пулс“ кој однесе 61 живот.

Поврзани вести