Skip to main content

ДУИ вечерва на чело со Ахмети тргнува на „кампување“ во Скопје

 Во седиштето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во тетовска Мала Речица почна состанокот на Централното претседателство на партијата, на кој присуствуваат и лидерите на нивната коалиција „Европски фронт“.

По започнувањето на состанокот ДУИ преку електронска пошта информираше дека сите лидери на политичките партии од „Европскиот фронт“, по итниот координациски состанок одржан во Тетово, денес ќе им се приклучат на таканаречената група „Стража на јазикот“, која пред Уставниот суд постави шатори и таму престојува од вчера.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, рече дека сите политички лидери ќе ја поддржат „Стражата на јазикот“.

Тие ќе се упатат во Скопје каде ќе ја поминат вечерта пред Уставниот суд.

-Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор, а тоа е јазикот. „Стражата на јазикот“ е всушност стражата на разумот. Таму се чуварите на разумот. Тоа се чувари на мултиетничка Македонија. Тоа се луѓе коишто се над партиските интереси, над етничките интереси. Се јавуваат бројни Македонци коишто велат што, кој, ова лудило, како се враќаат зомбите од минатото за да го демонтираат тоа што постигнавме 20 години и создадовме пример на функционална мултиетничка Македонија. Да се вратат теми кои сметавме дека се завршени. Оваа кауза не е на ДУИ, ниту на „Европскиот фронт“, туку на сите луѓе со добра волја за оваа држава. Ова е и ваша кауза, независно новинари, новинари, Албанци, Македонци. Мора да им кажеме стоп на овие зомби од минатото кои сакаат да вратат зла крв помеѓу граѓаните. Откако макотрпно со голема инвестиција на меѓународната заедница, изградивме општество на кое ни завидуваат другите, изјави Османи пред состанокот.

Османи ја обвини Владата за дестабилизација и рече дека доказ за тоа е што се поставени луѓе кои се експозитура на југословенската политика.

-Времето е поминато за ваквите одлуки, граѓаните независно Албанци, Македонци нема да дозволат и ќе ги изолираат. Тоа е пораката која што веројатно ќе ја пренесеме и денес. Владата од прв ден се обидува да ја дестабилизира, прво најавува, цело време подготвува амбиент.  Потоа ги предизвикува граѓаните во најсветите прашања за етничкиот идентитет, јазикот, волјата.  Меѓутоа, ние нема да дозволиме да се дестабилизира. Ние сме тие кои што во моментот сме чувари на стабилноста. Ние сме тие кои што сме чувари на мултиетничка Македонија наспроти овие зомби од минатото кои сакаат да не вратат 20 години наназад и да ги вратат темите коишто сметавме дека ги оставивме назад. Јас бев тој кој што работеше за македонскиот јазик да биде официјален во Европската унија. Успеавме во тоа денеска некој антиподи на таквата политика во којашто се помагаме еден со друг, се солидаризираме, се поддржуваме еден со друг, сакаат да го киднапираат мирот, да ни ја киднапираат стабилноста. Нема да дозволиме, затоа што во ова сме сплотени сите независно од етничка и партиска припадност, рече Османи

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom