Skip to main content

До 2026 година сите општини ќе се дигитализираат целосно, сподели министерот Перински на конференцијата MeetUp 2025

Дигитализацијата овозможува полесен пристап до информации, подобрување на јавните услуги, поголема tранспарентност и поефикасна комуникација помеѓу институциите, бизнис секторот и граѓаните. Со неа работиме и на зајакнување на дигиталната писменост и прилагодување кон новите глобални предизвици, истакна министерот за локална самоуправа Златко Перински на овогодинешниот конференциски настан MeetUp 2025, организиран под франшизата на The Economist – „The Economist MeetUp“, посветен на зближување на бизнис заедницата во земјава, на која преку панелни дискусии се дебатираше за дигитализацијата, технологиите, општествената одговорност и трговската рзмена во регионот и ЕУ.

Како што посочи министерот Перински, несомнено е дека дигитализацијата на општинските и административните служби претставува клучен чекор кон потранспарентна, побрза и поефикасна администрација, па во таа насока, додаде, како министерство веќе преземаат конкретни мерки за дигитализација на услугите.

Досега 23 општини и Град Скопје се поврзани со ЛоГес системот, а планот е до 2026 година сите општини да се дигитализираат целосно. Комплетна дигитализирана локална самоуправа, ќе отвори нови можности за инвестиции, работни места и економски раст, создавајќи поатрактивна деловна средина. Партнерството меѓу општините и приватниот сектор е силен катализатор за постигнување заеднички успех и создавање нови можности преку заеднички проекти, затоа, неопходна е континуираната соработка помеѓу општините, Владата, бизнис секторот и граѓаните.
Таа синергија е клуч за успешна и просперитетна иднина за сите нас, посочи министерот Перински.

Поврзани вести