
Иван Џолев, досегашниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, ќе биде судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел. Вакла одлука вчера донесе Судскиот совет.
Со овој избор, Џолев преминува во втората судска инстанца по долги години минати во Кривичниот суд. Беше именуван за претседател на Кривичниот суд Скопје во 2017 година, во период кога се најавуваа реформи во правосудството, по смената на дотогашниот претседател Владимир Панчевски, кој подоцна беше и осуден за злоупотреба на системот за распределба на предмети (АКМИС).
За време на својот мандат, Џолев ја водеше институцијата низ низа чувствителни и медиумски експонирани процеси, вклучувајќи предмети од СЈО, високи профилирани политички случаи и случаи поврзани со организиран криминал.
Неговиот избор во Апелација се толкува како професионален напредок, но и како значајно кадровско поместување во контекст на тековните реформи во судството.