Skip to main content

Денеска комисија за надзор на АНБ, пратениците ќе отидат и во Агенцијата

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање денеска во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи.

Ваков договор постигнале членовите на Комисијата, а за тоа го информирале и претседателот на Собранието Африм Гаши.

Самите дојдоа до договор и јас го почитувам тоа, изјави денеска претседателот на Собранието на брифинг со новинарите.

По седницата, оние членови на Комисијата кои имаат безбедносни сертификати, ќе одат во надзорна посета на АНБ.

Поврзани вести