Skip to main content

Дали Заев му ги издиктира на Филипче кандидатите за градоначалници кои сигурно ќе изгубат на изборите?

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче.Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако денес опозициската партија објави дел од кандидатите.

Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС.

Поврзани вести