Skip to main content
QhU76aErY7A
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Целиот разузнавачки систем бил ставен против Мицкоски за да се задржи СДСМ на власт

Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт.5 години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка.Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени.И сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла.Целиот систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.

Не е чудо, што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните.

За прислушкувањето и следењето мора да има одговорност. Овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори.

Поврзани вести