
Времето кога години наназад секој од нас губел надеж е минато. Македонија може напред. Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја. Заедно ги градиме темелите, камен по камен, за Македонија што ќе ја препознаеме и ќе ја сакаме, за Македонија каква што ја заслужуваме и со која ќе се гордееме, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.
Кога ќе погледнам во очите на луѓето кои секојдневно ги среќавам, знам дека морам да направам сè што можам за да имаат подобар живот. Така и ја гледам Македонија – со љубов и одговорност. За тебе, за твоето семејство, за иднината што ја градиме заедно, за надежите кои не смеат да се изневерат. Промените не се случуваат преку ноќ, но секој ден што вложуваме е чекор поблиску до Македонија со која ќе се гордееме. Не ветувам совршенство и чуда, туку ветувам искреност и упорност во секој чекор и борба за тебе и иднината каква што ја заслужуваш, рече македонскиот премиер.
Тој додаде дека не сме политичари што зборуваат од високо.
Ние сме луѓе што живеат тука со вас, што чувствуваат ист страв и иста надеж. Затоа со труд и лојалност кон вас, нагласи, ги градиме темелите на промените – искрено, чекор по чекор, со срце. Македонија е повеќе од земја. Тоа е наш дом, нашите семејства и нашите соништа. Оваа година беше само почеток, почеток на стабилизација и консолидација после 7-те години на проблеми и уништувања, на разочарувања и изневерешни очекувања и изгубена надеж. Заедно, чекор по чекор, ги поставуваме темелите за Македонија да биде повторно твоја – земја што ќе не обедини и ќе ни даде сила. Времето на Македонија допрва доаѓа, и тоа не е само слоган – тоа е наша обврска кон сите вас. Ги градиме темелите со пот, со борба и со надеж. За секој што верува дека оваа земја заслужува подобро, за тебе и твоето семејство, за иднината која доаѓа, за македонија која повторно ќе биде твоја“, рече премиерот.
Мицкоски додаде дека ова е една година од новиот почеток, една година градење темели на промените за времето на граѓаните кое доаѓа.