Skip to main content

Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод Рождеството Христово – Божиќ до претседателот на Евангелско-методистичката црква, Емил Заев

Од мое лично име и од име на Владата, на сите верници на Евангелско-методистичката црква им го честитам празникот Рождеството Христово – Божиќ, со најискрени желби за здравје, мир и духовен напредок.

Божиќ е празник кој нè потсетува на силата на вербата, надежта и љубовта. Тој нè поттикнува да се свртиме кон вистинските вредности – човечноста, солидарноста и поддршката за оние на кои најмногу им е потребна. Во овие празнични денови, сите ние сме повикани да го отвориме срцето кон другите, да покажеме добрина, да простиме и да ја споделиме радоста со семејствата, пријателите и заедницата.

Во овој свет период, кога светлината на Божиќ ги осветлува нашите домови и души, нека љубовта и мирот се ваш водич низ животот. Нека празникот ве потсети на вредностите кои нè обединуваат и кои ни даваат сила да се соочиме со предизвиците, но и да создаваме подобра иднина за сите нас.

Евангелско-методистичката црква има посебно место во нашето општество со својата традиција, својата хуманитарна и духовна мисија, и со нејзиниот придонес за јакнење на вредностите на толеранцијата, заедништвото и почитта меѓу луѓето. Во духот на овие вредности, ви посакувам да продолжите да ја ширите пораката за мир и добрина, градејќи мостови на соработка и разбирање.

Нека Божиќ ви донесе радост, здравје и благосостојба. Нека ви биде извор на инспирација и сила да чекорите напред со вера и надеж во подобро утре.

Среќен Божиќ и нека е благословен овој празничен ден!

Поврзани вести