Skip to main content

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање”, изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

Поврзани вести