Skip to main content

Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и ендокринологот д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Фејсбук профил на Борче Стаменов

Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година.

Наградата е за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Годинава добитници се Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц.д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија.

Поврзани вести