Skip to main content

Бислимовски го оштетил буџетот за 23.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Бислимовски, во својство на претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Сумата за која се терети е околу 23.000 евра.

Според пријавата, Беслимовски, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, иако бил должен, не отпочнал постапка за одземање на лицен.цата за вршење енергетска дејност – трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законски пропишаните услови.

Наместо да донесе решение за одземање на лиценцата, пријавениот донел незаконско решение за прекин на постапката, со што лиценцата не била одземена на 15 јануари 2024 година, туку дури на 14 април 2025 година. На тој начин, како што се наведува, му овозможил на правното лице противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност во период од околу 15 месеци по истекот на законските услови, како и да учествува и склучува договори во постапки за јавни набавки

Поврзани вести