Skip to main content

Биланс: ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 54 градоначалници, СДСМ 6, Вреди 8, ДУИ 4

Бројките на освоени градоначалници ја покажува убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Заедно со освоените градоначалници во првиот круг, владејачката партија освои 54 градоначалници, СДСМ 6, Вреди 8 , ДУИ 4 и ЗНАМ еден градоначалник. Победи и еден независен – Менди Ќура, кого коалицијата го поддржа како кандидат на Струга,  а еден градоначалник доби и Унијата на Ромите.

Во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше денеска немаше гласање. Причината е недоволниот одѕив на гласачи во првиот круг, поради што ќе се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Поврзани вести